На 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, денеска во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, кој истакна дека Втори август е исклучителен повод да се потсетиме и на историското и современото значење на илиденската кауза. Во говорот пред присутните во Пелинце, претседателот рече дека таа историска епопеја не е само борба за слобода протв тиранијата, Илинден и Крушевскиот во 903-тата и Асномскиот во 44-тата се уникатни по својот карактер, исто како што е единстевна и државата и нејзиниот пат кон независноста од 91-та до денес.

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден, рече претседателот, беше и остана симбол на неспорно изрзената волја за своја држава, заснована врз републикански и демократски начела и слободниот живот на сите етнички и верски заедници во неа.

Пендаровски посочи дека повеќе од еден век, Крушевскиот манифест и 76 години подоцна од декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија не престануваат да не инспирираат од потфатот на тогашните револуционери, нивната борба за човечки правдини, која ги спојува хуманизмот, космполитизмот и солидарноста и ги поставува како темелно начело и врзивно ткиво на македоската државност.

Нивната визија за меѓуетничка и меѓурелигиска кохабитација реализирана во денешната Македонија како заедничка татковина на нејзините граѓани обединети околу принципите на слободата, човековите права, демократијата и солидарноста, рече во говорот претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека овој Илинден се прославува во посебни услови, светот е зафатен од пандемијата на коронавирусот, која донесе страдање на милиони луѓе се заканува целосно да го промени начинот на живот, посочувајќи дека слободата на движење како цивилизацикса придобивка денеска е потешко оставрилива дури и од времето пред почетоците на патувањата. Социјализацијата како суштина на човековата заедница е конфротирана со социјалната дистанца како парадигма на новата нормалност, рече претседателот, оттуѓувањето што го донесе оваа најголема криза во современата историја ја загрозува меѓусебната солидарност, за оние кои поминаа и кои се уште поминуваат низ пеколот на болеста и оние кои ги загубија работните места и останаа без приходи за достоинствена живот.

Здравствената криза, нагласи, која одмана премина во економска, политичка, и морална криа во светот, рече претседателот, ќе биде со нас многу месеци и сериозно ќе го лимитира напиот развој и аспирациите за подобар живот. Затоа, додава ќе мора како држава што побргу да најдеме начин како да ја обезбедиме социјалната правда и да ја поттикнеме економската активност и развој без да влегуваме во вртлогот на финансиско задолжување и неконтролирано зголемуавње на јавниот долг.

Осврнувајќи се на изминатите месеци и покрај пандемијата, државата додаде реализираше една од стратешките цели,членството во НАТО, по долги години тешкотии и блокади, за кои рече бевме принудени да ги поминуваме, годинава станавме 30-та членка на најмоќната воено-политичка организација составена од демократски и просперитетни држави. Станува збор за процес со долгорочни и историриски консеквенции, насочен кон зацврстување на нашата државност, меѓународната позиција и не помалку важно, додаде, на нашата внатрешна кохезија.

Во март оваа година Европскиот совет конечно донесе одлука за почеток на преговорите со нашата држава за членство во ЕУ, 15 години по добивањето на кандидатскиот статус. Но , оваа одлука е само почеток на еден долг процес во кој ќе треба фундаментално да се трансформираме и конечно да се оддалечиме од лошите политички практики. Новата методологија за преговори овозможува побрза интеграција, но само за државите кои имаат волја да прават вистински, а не козметички реформи, рече претседателот.
Додаде дека на сите ни е јасно дека освен животниот стандард, нашиот главен проблем е тоа што не сме сите еднакви пред законот, нефункционалната администрација, високата корупција и неефикасното судство. Тоа, според него, не е само пречка за побрзо интегрирање во ЕУ, туку многу поважно, потенцира, тие се главна пречка за да живееме нормален живот во пристојно уредена држава.

Наште граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распоадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал. Секоја злоупотреба на функцијата, секој злоупотребен денар од јавните финансии, секој наместен тендер, секое влечење на судските постапки со години, секое малтретирање на граѓаните во административните коридори се причина повеќе за одлуката за заминување од државата на многу млади луѓе, за затворање илипреселба на бизниси во други држави и за енормно зголемување на фрустрациите и радикализација на граѓаните, рече претседателот.

Нови инвестиции, иновации во бизнисот, добро платени работни места, севкупен економски и социјален развој се можни рече во систем во кој е заштитена сопственоста, јавните финансии не се злоупотребуваат за лични цели, просперираат оние кои работат според правилата, а казнети с еоние кои ги кршат законите. Единствен начин да изградиме правилно општество, според Пендаровски е да се применува правото.

Секоја друга политика особено онаа која се базира на корупција и клиентелизам е погубна за нашиот развој и ќе ја уништи перпсективата за пристоен живот на огромно мнозинство наши граѓани за сметка на едно привилегирано и корумпирано малцинство, рече претседателот.
Осврнувајќи се на завршените избори, претседателот Пендаровски очекува побрзо конституирање на новото Собрание и Влада, за која рече дека ќе ја нема комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите 100 дена. Актуелните трендови со вирусот, нагласи нема да дозоволат целосно враќање на економијата во погон, а економските проблеми додаде секогаш носат нестабилност и граѓанско незадовлство. Многу порано пред да ги започнеме преговорите со ЕУ, додаде ќе мора да поченеме со практична имплемнтација на идните правни реформи и да ја интензивираме борбата против организираниот криинал и високата корупција.

Конечно, новата Влада ќе има една друга комплексна задача, особено после ваква изборна кампања во која беа изречени тешки обвинувања и лични дисквалификации кои дополнително ги продлабочија поделбите меѓу граѓаните, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека веднаш по неговиот избор кажал дека една од неговите главни определби е помирувањето, за кое денес рече убеден е дека ни е потребно повеќе од кога било во историјата, како независна држава.

Се надевам и очекувам таа моја заложба да биде поддржана и од новата Влада и од опозицијата и дека заедно со сите граѓани независно од нивното етничко потекло и партиско убедување ќе работиме за остварување за оваа цел. Да нема никој дилема во нашата земја сечија етничка и партиска припанодт мора да се почитува без исклучок, меѓутоа партизирањето и етнизирањето на институциите го поткопува нивниот демократски капацитет и легитимитет и на краток и на долг рок. Граѓанското помирување е основен услов за функционирање на едно демократско плурално општество, а демократијата е претпоставка за економски развој. Тогаш кога ќе научиме дека политиката е битка на идеи, а не борба на живот и смрт и дека од промената на власта не смее да зависи оставрувањето на правата и слободите на секој граѓанин дури, тогаш ќе имаме вистински демократска држава, посочи претседателот.

За тоа прашање, рече претседателот Пендаровски, и после толку години не губат на значење зборовите на најстариот делегат на првотот заседание на АСНОМ, кој говорејќи за обединувањето на продемократските сили за истата кауза недалеку од одовде во 1944-тата, Панко Брашнаров рече: Во овој момент земјата на нашите покојници, многубројните народни херои кои паднаа и ги посеаја коските по цела Македонија им станува полесна и тие во мир го гледаат изгревот на нашата слобода, ја гледаат идеалната дружба на старите Илиндеци на Гоце Делчев и денешните илинденци.

Претседателот нагласи дека сите ние, денешните илиндецни имаме обврска да го почитуваме овој завет на старите илинденци, нашата генерација, привилегирана да живее во мир и да има сопствена држава како и секоја генерација пред нас има своја битка која мора да ја извојува ако сака да остави нешто вредно зад себе, за оние кои доаѓаат по нас.

Нашата битка е да обезбедиме достоинствен живот за секој наш граѓанин во својата татковина, а не надвор од неа. За тоа да го постигнеме мора да има правда и слобода за секого, само тогаш ќе можеме да кажеме дека сме достојни наследници на делото на нашите предци, нека ни е вечен Илинден , да ни е вечна Републиката, порача претседателот.

Претходно, претседателот положи цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, како и бројни делегации од Владата, предводени од заменик претседателот, Мила Царовска, од здружението на борците, дипломатскиот кор, од општините Куманово и Старо Нагоричане, претставници на институции и установи,, политички партии, здруженија на граѓани и граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.