Претседателот Стево Пендаровски им го честита 22 Ноември на Албанците во Македонија. Во честитката потсетува на важноста на Битолскиот конгрес за албанскит јазик и за развојот на албанската култура и духовност.
Горди сме што Денот на албанската азбука веќе 14 години е државен празник со кој се гордеат не само Албанците, туку и сите граѓани на нашата татковина. Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност. Во 21 век таквите обиди не можат да наидат на плодна почва и ќе бидат осудени на неуспех. Би сакал да ја искористам оваа можност и во време кога сме во кризна состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19, уште еднаш да апелирам да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, најблиските и целата заедница, напиша Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.