Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Седницата ќе одржи во Кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република  Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.