Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими новинарот Бранко Героски, по заканувачката порака која ја добил. 

Oсудувајќи секаков вид закани упатени до медиумите, Пендаровски порача дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат. Тој истакна дека како и досега ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка, соопшти Кабинетот на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.