Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија ) – Прешево (Република Србија); објавуваат од претседателскиот кабинет.
Како што се додава во соопштението, со договорот, потпишан меѓу владите на Македонија и Србија на 12 јули 2019 година во Белград, се предвидува воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.
Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница.
Според претседателот Пендаровски постигнатиот договор треба да претставува поттик во насока на овозможување на заеднички контроли и на граничните премини со другите соседни држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.