Пендаровски откри дека „југото“ го добил на лото, односно на лотарија, и затоа веројатно му е толку драго. Во емисијата Топ тема на Телма на прашање на новинарката „дали некогаш добил на лото“, Пендаровски одговори дека новинарката знаела и некои интимни работи од неговиот живот и откри како го добил познатото „југо“, приказна што го следи низ целата кампања.
Во интервја Пендаровски вели дека југото му е многу драго и секако дека ќе го чува, а југото доби централно место и во „Еден на Еден”.
Човек кој има југо и гура југо, знае и како да ја гура државата, изјави Пендаровски низ смеа.
Инаку, одвреме-навреме југото му го позајмува на дедото, но и тој се жалел дека повеќе гура отколку што вози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.