„Гласањето в недела мора да помине во фер и демократска атмосфера како што и личи на држава која е членка на НАТО и пред започнување преговори со Европската унија“, повика претседателот Стево Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните да го искористат своето демократско право и посочи – нема помалку или повеќе важни избори, гласот на граѓаните секогаш одлучува за иднината на локалните заедници, но, истовремено и за иднината на земјата.

Изберете кандидати кои ги застапуваат демократските вредности и кои можат да ги решат реалните проблеми, рече претседателот Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.