Стево Пендаровски, претседателот на државата, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 откри неколку интересни податоци од анкети кои ги следел во последните неколку месеци.
Пендаровски кажа дека анкетите и јавното мислење покажало дека евро-ентузијазмот во земјава е паднат за 25% од државата, и дека повеќемина мислат дека најголем пријател ни е Русија, а не некоја од западноевропските земји.
„Јас имав прилика да погледам неколку анкети. Прво дали македонското граѓанство мисли дали имаме маневарза било како компромис со Бугарија, и за редица прашања врзани за евроинграциите. И конечно на крајот колкумина од вас и понатаму поддржуваат во вакви услови со статус на кандидат, колкумина поддржуваат ваква опција.
Запрепастувачки податоци и трендови кои не сум ги видел претходно. Евро-ензијазмот во државата е паднат за 25%, само за последната година. Што е лошото во тоа? Ентузијазмот за ЕУ се скоро исклучиво на етничките Македонци. И се создава еден меѓуеднички процеп. Сите кои се бавиме со безбедноста, знаеме дека најважен параметар е какви се меѓуетничките односи. Ако таа оска е добра, можеме да имаме платформа за економски прогрес. Ако тука нешто не е во ред, се враќаме назад“, изјави Пендаровски.
Тој кажа дека според последните анкети, граѓаните веќе не мислат дека некоја западно европска земја е најголем пријател на Македонија, туку доминира Русија.
„Имаме анкети во кое прашањето е кој е најголем пријател на Македонија. По првпат во нашата историја, не доминира ниту една од западноевропските земји. Доминираат Русија, Америка, Кина, Турција па после тоа Германија и така натаму…“, вели претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.