Стево Пендаровски е претседател, не е монарх, не може сам да одлучува за надворешно-политичките и економски перспективи на државата, смета пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски за одбивањето членство во ЕЕЗ.
Тој е Претседател, но не е монарх за да може сам, без консултации со Владата и Собранието, без консултации со стопанските комори, да одлучи за надворешно-политичките и економски перспективи кои ѝ се нудат на државата.
Пендаровски на Македонија ѝ ускратил многу добра економска перспектива во една организација во која членуваат земјите од ЕУ, како и Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и делумно Швајцарија, која перспектива воопшто не е во колизија со идното можно членство во ЕУ.
Европската економска зона има четири столба, а тоа се слободен проток на стоки, услуги, луѓе и капитал меѓу членките на оваа економски влијателна зона, вели Милошоски.
Пендаровски направил голема грешка со одбивањето членство во ЕЕЗ (European Economic Area)
✔Пред месец дена МК се…
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, 8 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.