Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук-профил им го честита првиот училишен ден на првачињата.

Успешен почеток на годината Пендаровски им посакува и на останатите ученици.

Драги првачиња, среќно! Успешен почеток на новата школска година им посакувам и на сите други ученици. И годинава, за жал, ќе учите во невообичаени околности. Ќе ви биде ограничено дружењето, заради почитување на мерките за заштита од КОВИД. Но, верувам дека оваа учебна година ќе ви донесе и убави нешта, како и нови пријателства, напиша Пендаровски. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.