До овој момент нема никаков индикатор дека пожарот е намерен со цел да се да се постигне некаква друга политичка цел.
Ова го истакна претседателот на државата Стево Пендаровски кој денеска е на лице место во Тетово.
Пендаровски посочи дека во најбрз рок ќе излезе со извештај и Јавниот обвинител.
Даден е рок, веројатно пет дена за сите извештаи да ги добие од сите институции кои работат на случајот и да се види што е причината за пожарот и дали евентуално има некаква човечка грешка – истакна Пендаровски.
Претседателот информираше дека за само неколку минути изгорел целиот објект, што само по себе е предмет на детална анализа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.