Кога јас би бил во ваква позиција, би поднел оставка од морални причини, вели претседателот Стево Пендаровски за одлуката на министерот Венко Филипче да не преземе одговорност додека да заврши истрагата.

Македонија тагува за 15-те животи што згаснаа во стравотниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово и ги чека одговорите на прашањата: што го иницирало огнот, како толку брзо изгорел целиот монтажен објект, имало ли пропусти при неговата изградба или при неговото одржување, што барале лица од надвор во објектот, ќе понесе ли некој одговорност за трагедијата… Овој настан, кој временски коинцидираше со одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјава, како да ја потврди пораката од говорот на претседателот Стево Пендаровски по тој повод – дека јубилејот е можност и за колективно преиспитување на нашата совест. Или, како што рече Пендаровски, цитирајќи го Мисирков – што направивме и што треба да направиме во иднина? Искрениот и реален одговор е дека ова е прашање за секој еден од нас, но најмногу за сите досегашни политички раководства, порача шефот на државата. Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва е гостин во „360 степени“.

Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.