При оставка на премиер, паѓа и целата Влада. Тоа е првото ниво. Оставката треба парламентот да ја усвои. Потоа претседателот на државата треба да даде доверба на нов мандатар за формирање влада. Тоа е јасно, согласно Уставот, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски.

– Мислам дека претседателот треба да ги повика лидерите на партиите за формирање на голема влада, за доброто на реформските процеси. Треба да има влада со полн капацитет, партиите конечно да се свестат и да работат за интересите на граѓаните. На следните парламентарни избори прашање е дали и 40% од гласачите ќе излезат. Без разлика што неизлагањето е 50%, тоа е големо предупредување. Граѓаните знаат да казнуваат – вели универзитетскиот професор Борче Давитковски во Студио 10 на ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.