Претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизијата „Сител“ изјави дека не може да каже што разговарал со вселенскиот патријарх Вартоломеј, но оти за деталите од разговорот, го информирал врвот на МПЦ-ОА.
– Можам да кажам дека станува збор за процедура во која ќе се почитуваат црковните правила, дека Вселенската патријаршија е неспорно органот, кој дава Томос за независност. Дали и кога тоа ќе се случи зависи од нив. Има еден нов момент кој ми го објасни вселенскиот патријарх. Сега СПЦ, од каде доаѓа спорот со МПЦ-ОА, од каде ние треба да се оттргнеме за да добиеме автокефалност, има нов патријарх и во дијалогот треба и тој да биде консултиран. Понатаму, ќе ме разберете, не можам да коментирам, рече Пендаровски.
Тој нагласи дека со Бугарската православна црква нема проблем, туку со СПЦ.
– Но, она што го знам од врвот на МПЦ-ОА, е дека откога е побарана помош до денес БПЦ нема мрднато со прст да ни помогне, потенцира Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.