Стево Пендаровски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше и за Владо Бучковски. Тој рече дека не „наивен и глуп“ политичар, и дека може да помогне во спорот со Бугарија.
Бучковски е се, само не наивен и глуп политичар. Напротив. Тој одлично ги познава односите меѓу двете земји. Тој може да се види со секого и да не е специјален претставник. Има конекции, не велам дека ќе го реши проблемот, но нема да биде неговиот ангажман зијан. На почетокот за него почна да се зборува за Телеком, за тенковски делови итн. Не можеш да кажеш дека имал афери, и не може да ги решава проблемите. Тоа за мене не е дебата. Неспорно е дека може да помогне“, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.