Заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, вечерва во „Клик плус“ на ТВ21, рече дека и да се поништи договорот од Преспа, невозможно e да се склучи подобар.
Јас како етнички Македонец навистина би сакал да го поништиме овој договор, да отвориме процес на преговори и да добиеме нов, подобар договор. Невозможно е. Ги знаеме луѓето кои се во Грција сега, и овие сега и тие што евентуално ќе дојдат утре, знаеме што мисли меѓународниот фактор и ви тврдам дека формулацијата која зборува грчки Македонци и овие тука наши Македонци е уникум во меѓународното право. Тоа е делот во кој ние велиме и ти, кој живееш во Грција, ако сакаш, нарекувај се Македонец, не е проблем, ама немој да ми го оспоруваш правото јас да се изјаснувам, вели Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.