Претседателот на Република Македонија во своето обраќање на пладне од Вилата Водно побара ефективна истрага за случајот „Рекет“.

Пендаровки бара да се поднесат обвиненија доколку има докази и за политичари и за сите други кои биле вмешани во овој голем скандал.

Никој не смее да биде над законите во оваа држава. Оние кои не го знаат тоа или не го почитуваат, треба да им го остапат на други лица. Како што се борев за СЈО во изминатите четири години, мислам дека ќе продолжи да ја гони високата коруција, поединци не се СЈО – рече Пендаровски од Вила Водно.

Тој додаде дека еден обвинител не може да го доведе во прашање целото обвинителство и рече дека е изненаден како и сите граѓаните на Македонија.

Од медиумите побара професионално да известуваат и да ги проверуваат изворите на информациите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.