Зоран Заев, ти си најголемото зло што Македонија некогаш го имала, реагира пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, по интервјуто на македонскиот премиер за БГНЕС.
Под празната флоскула за „живот” во Македонија,идентитетски и јазично ја уништуваш државава, со тоа што кога мислев не може ова подалеку, денес ја претера… ја претера и докажа дека ти немаш ни граници,ни национално чувство,ни идеја на каде треба да се движи мојата Македонија..
За се има крај и мора да дојде крај на ова лудило, кое што ти и пајташите твои го правите! Доста е!
Антимакедонскиот, мафијашкиот начин на кој што ја водиш оваа држава ни покажува дека си или уценета личност или доволно луд, можеби и двете,но повеќе од јасно е дека ТИ СИ НАЈГОЛЕМИОТ СРАМ за Македонија, за моите и нашите предци и за сите оние кои се бореле за Македонија да биде држава.., порача Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.