Д-р Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ побара подршка од граѓаните за заедно да создадат нова и светла иднина за Охрид.

Д-р Пецаков истакна дека тој и неговиот тим гарантираат и нудат нов почеток, кој ќе ја замени апатијата со надеж и ги повика граѓаните заеднички да ја победат неспособноста, да се изборат за Охрид и Македонија.

Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани.

 

Победа е да имаме заедничка цел.

 

Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта.

 

Не сме сите исти.

 

Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија.

 

Ние одлучуваме. Секој глас е важен.

 

Казнете ги погрешните политики на власта со кои ја одзема нашата колективна иднина.

 

Ве повикувам на 17 октомври да излеземе сложно и заедно да победиме уште во првиот круг.

 

Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина!

 

Гласајте за проекти, промени, победи наместо за измами!

 

Јас верувам во вас, верувајте и вие во мене!

 

Доаѓаат подобри времиња, подобро утре за сите.

 

Имаме вредни луѓе, одлични идеи.

 

На наша страна се знаењето и работата.

 

Храбро да чекориме заедно напред!

 

Да започнеме со обновата на урнисаното достоинство на Охрид!

 

За нас, за нашите деца!

 

Промените за Охрид доаѓаат! – порача д-р Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.