Почитувани претставници на медиумите, мои драги охриѓани,
Во Охрид победи разумот, победи народот.
Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас ја прифаќаме големата победа изразена со околу 2000 гласа разлика во првиот круг.
Цел живот создаваш за да добиеш поддршка. Изминаа 4 години, чесни со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме.
Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени.
Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина.
Почитувани охриѓани,
Избравте вашиот глас искажан на мирните, достоинствени, фер и демократски локални избори мора да се почитува и понатаму. И на тие што гласаа и на оние што не гласаа.
Охриѓани јасно докажаа дека се против криминал, корупција и апатија и сакаат промени и нова светла иднина.
Благодарам мои охриѓани,
И никогаш нема да ве изневерам.
Да бидеме силата на промените!
Да се обединиме!
Да покажаме заедништво и слога!
Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, за Охрид на охриѓани.
Заедно, сплотени, единствени во победата продолжуваме!, напиша на Фејсбук, Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, за Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.