Охрид и охриѓани заслужуваат конструктивна политичка дебата со високо ниво на култура каква што им доликува на кандидати за градоначалници на убавиот Охрид, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.
Најавува дека како кандидат за градоначачалник на Охрид, како и досега, ќе продолжи со позитивна кампања, а неговото појавување пред јавноста и кај граѓаните ќе биде гордо и достоинствено преку презентирање проекти и она што им е потребно на охриѓани.
Изразувам благодарност за упатените честитки од кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески и воедно упатувам искрени честитки за неговата кандидатурата.
Време е за промени.
Време е за Охрид за сите луѓе!, порача Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.