Развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид заслужува посебно внимание, а нашата главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење нови модели за развој на туризмот, креирање нови форми на туризам, брендирање производи и привлекување брендирани имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско – туристичкиот сектор и промоција на Охрид како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини, истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков
Гарантираме:
УНИФИЦИРАН ИЗГЛЕД НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ НА ПЛОШТАДОТ поради подобра визуелизација на местото.
СПОРТСКИ ТУРИЗАМ – БАЗА НА ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД
Подобрување на условите за развој на спортскиот туризам, преку организирање летни училишни кампови, создавање услови за подготовка на спортски клубови во истите и одржување на спортски манифестации.
ИНТЕНЗИВЕН РАЗВОЈ НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку кој има да се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини, со цел спречување на миграцијата на млади луѓе преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја.
ПРОМОЦИЈА НА ЦЕЛОГОДИШЕН ТУРИЗАМ – ОХРИД 365 ДЕНА
Афирмација преку целата година со ослободување од уплата на туристичка такса за период надвор од сезона, исплата на дел од сметките за вода или субвенции за сместувачките капацитети кои што ќе носат гости пред и по туристичката сезона.
ЕКО ТУРИЗАМ – МАПИРАЊЕ, ПРОГЛАСУВАЊЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ ЗАШТИТЕНИ ЗОНИ (Галичица, Косел, Студенчишко Блато и други) со цел промоција на еко – туризмот во Охрид.
ОХРИДСКИ ТУРИСТИЧКИ РЕЧНИК во кој по азбучен редослед ќе бидат опфатени сите туристички вредости на градот. Крајната цел е на едно место да се опфати севкупната туристичка понуда во Охрид.
РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО и воспоставување поврзаност помеѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали. Целта е зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на Општина Охрид во биосферен резерват.
7 за модерен и атрактивен локален туризам.
7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“!, рече Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.