Во вечерашното обраќање во Охрид, кандидатот за градоначалник за општина Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека ќе работи за охриѓани, за нова иднина и подобар живот на сите граѓани, и за нова иднина на нашите деца, им порача на охриѓани да веруваат во себе и да веруваат во промените кои доаѓаат.
Охрид докажа дека е лулка на ВМРО, но и чесно го докажавме тоа на дело, Охрид се одлучи за промени и напредок, благодарност за искажаната поддршка, сум бил и ќе останам човек кои ќе го брани вашите интереси. Денес кога го честуваме денот на македонската револуционерна борба, годините течат, а идејата се шири, идеалите на македонските ревоционери кои го држеа факелот на револуционерното дело, останаа да бидат водилка и вечерн мотив за македонскиот народ, порача Пецаков.
Тој вели дека борбата трае и мора да продолжи за Охрид и за Република Македонија, оваа борба е против корумпираната власт, а херои ги нарече луѓето кои го живеат храбро животот во ова време, а охриѓани заслужуваат среќа,а докажаа дека постои надеж уште во првиот круг.
Покажавме дека не се плашиме да веруваме во себе и да се бориме за иднината на нашите деца, таа иднина зависи од нас, и од промените кои доаѓаат, промени на подобро, промени за позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа, имаме план, гарантираме конкретни проекти за Охрид и верба тоа да го направиме, посочи Пецаков.
Тој вели дека ќе се бори за секое работно место плус, мобилност и инфраструктура, модерно и современо образование, заштита за климатските промени и животната средина, правилен урбанизам, атрактивен локален туризам, поддршка за спортот и културата и проекти во сите сфери на живеење за подобар живот на сите граѓани.
Охрид е против власта е вели доста , доста е со уцените, заканите и злоупотребите со полицијата, со купување на гласови, со потценување на народот, на охриѓани им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, наместо криминал, корупција и апатија, потребни се промени и светла иднина, порача Пецаков.
Пецаков порача исто така дека потребна е масовна излезност затоа што сме на чекор до целта, блиску до победата, а изборот на тивкото мнозинство мора да одекне, тој ги повика сите различни етникуми во Охрид, да се избориме заедно затоа што силата е секогаш во народот, а успехот е загарантиран само со заедничка борба.
Ајде лавовски да се избориме за да имаме промени и напредок, ајде сите заедно да се избориме за на 31-ти октомври со гордо крената глава да кажеме дека Македонија победи, рече Пецаков.
Тој вели дека само на тој начин ќе избереме нова подобра иднина не само за Охрид туку и за Македонија, со големи чекори напред да ја создадеме новата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.