Откако вчера и официјално беше објавено дека д-р Кирил Пецаков ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, тој денеска му се заблагодари на раководството на партијата и најави дека ќе работи за младите да останат во градот доколку победи на локалните избори.
Град на многу цареви, кралеви, светци и интелектуалци!
Град на 365 цркви, БАЛКАНСКИ ЕРУСАЛИМ!
Атрактивна светска туристичка дестинација!
Град кој изобилува со природна убавина!Охрид мора да блесне со сиот сјај и за мене најбитно, да биде град во кој МЛАДИТЕ ќе ја гледаат својата иднина‼️‼️
Дојде времето, дојде финалната битка на нашата генерација, битка по која што Охрид, но и Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат, патот на успехот и светлината‼️‼️
Охрид ќе биде град на сите луѓе, Македонија на сите луѓе!!!
Благодарност на сите за досегашната поддршка, одиме уште посилно и појако до конечен пад на хибридниот режим!!
Благодарност на довербата и укажаната можност на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски!, напиша Пецаков на Фејсбук.
СДСМ веќе потврди дека актуелниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски, ќе трча за уште еден мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.