Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, во своето излегување на денешната прослава на големиот македонски празник порача дека Македонија победи, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне убедлива победа и во вториот круг.
Пецаков потенцираше дека Охрид докажа дека е лулка на македонштината и на ВМРО-ДПМНЕ.
Ви благодарам за огромната поддршка, и разликата од две илјади гласови која во вториот круг на 31 октомври ќе биде преку три ипол илјади.
Исто така со обраќање кон Охриѓани додаде
Сум бил и ќе останам човек кој ќе ги брани вашите интереси, како народ но и како партија секогаш сме имале тешки искушенија, но крајната цел била и останала – Македонија
На 31 октомври заедно да заокружиме за нови промени, проекти и победи. Доаѓаат промени, гарантираме проекти за подобра и посветла идинина- вели Пецаков
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.