Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива во следните години. За Охрид и охриѓани доаѓаат подобри времиња кои водат кон светла иднина, подобро утре за сите, за промени и напредок, за нов развој на Охрид. Ние сме тие што имаме обврска да ја градиме светлата иднина на Охрид. Гарантираме проекти за промени – проекти за победи!
Ова на вечерашниот почеток на кампањата „Создади нова иднина“ го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во Античкиот театар во Охрид.
За град во кој младите мора да ја гледаат својата иднина, град кој треба да блесне со сиот свој сјај, вистинска светска туристичка дестинација. Заедно да направиме професионализирана и ефикасна администрација на компетентни луѓе кои имаат обврска да одговораат на потребите на граѓаните. Економски силна општина за подобар животен стандард на сите. Со сериозни инвестиции и проекти поттикнување на општествениот развој на секое едно населено место. За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место, нови инвестиции, економски раст и развој на стопанството. Индустриска зона во која локалните компании и инвеститори би пронашле интерес да го прошират својот бизнис, а со тоа отворање нови работни места. Инвестирање во руралните средини за да го поттикнеме економскиот и општественот развој и да ја сопреме миграцијата на млади луѓе. Охрид мора да биде град на активни и мотивирани млади кои учествуваат во донесување одлуки, рече Пецаков.
Тој најави подобрување на инфраструктурата во целост, реконструкција на плоштадите „Свети Климент Охридски“ и „Крушевска репувлика“, на булеварот „Македонски просветители“, нови катни гаражи…Пецаков вети и максимално вложување и борба со создавањето нови дивоградби и дивеењето со урбанизмот. Квалитетно и модерно образование како темел за иднината и напредок на Охрид.
Изградба на ново и модерно основно училиште, изградба на нова современа градинка, поддршка за спортот и спортските клубови се нашиот врвен приоритет, преку изградба на училишна спортска сала во с. Лескоец во ОУ „Ванчо Николески”, нови мултифункционални спортски игралишта, изградба и реконструкција на детски современи игралишта, спортски туризам…, вети Пецаков.
Тој најави и максимална поддршка на угостителско-туристичкиот сектор во Охрид, посебно делот со справување со постковид последиците, поддршка за тур-оператори, туристички водичи, станоиздавачи и сите оние кои се занимаваат и живеат од угостителството и туризмот. Поттикнување на здравствениот туризам како дел од туристичката понуда на градот.
Како што посочи Пецаков, не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град. Зголемување на зеленилото и зелените појаси и подигнување на еколошката свест.
Сето тоа со: НОВ ПАРК И ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНАТА ЗОНА НА ПОТЕГОТ ОД СПОМЕНИКОТ НА „ДЕН ДОЛАРД“ ДО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА, ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ОХРИД – СВЕТИ СТЕФАН, РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО, рече Пецаков и притоа вети континуитет на културниот блесок и промоција на културно-историското наследство. Поддршка на книжевното, драмското, филмското, музичкото и ликовното творештво. Поддршка на културни и верски манифестации. Промоција и унапредување на културата на припадниците на заедниците и негување на верските обичаи, рече Пецаков.
Како што нагласи кандидатот за градоначалник, не смее да има поголемо населено место без нов асфалт.
Не смее да има урбано место без канализација и водовод. Нова водоводна мрежа и решавање на проблемот со водоснабдувањето во повеќе населени места во Охрид. Тука го најувувам и проектот за ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ, истакна Пецаков.
Пецаков вети социјална грижа и целосна заштита на ранливите категории. Лицата со попреченост мора да бидат еднакви во пазарот на трудот.
Охрид, според него, има да биде безбеден град, град на сигурноста, правдата и борба со корупцијата.
И сето ова надополнето со секојдневните проблеми и побарувањето на Месните Заедници и граѓаните на општина Охрид. По победата, инфраструктурата и асфалтирањето улици се наш приоритет низ целиот мандат, а во последните 6 месеци од мандатот токму преку таквите активности нема предизборно да собираме политички поени. Во нашиот мандат гарантираме капитални проекти со кои секој еден охриѓанец има да се гордее. Гарантираме промени, проекти и победи! Остварување кое се гледа, напомена Пецаков.
Додаде дека заедно сите, со членство кое работи со срце, лавовски се бори, здружени сме, се обединивме се со цел да имаме промени и напредок.
Главата горе мои охриѓани, Ние одлучуваме!
Не смееме да останеме заглавени во хасот поради безидејноста и проблемите создадени од актуелната власт!Најискрено сакам да си одговорите: Дали сте задоволни и дали овие години се подобри животот? Дали живеете подобро? Дали ова што се случува е нормално? Каде се ветувањата на СДСМ, ветувањата за ЕУ, за високите плати, за бесплатното здравство и што ли уште не, праша Пецаков и надополна дека не сме сите исти!
ТИЕ, кои не се со народот, кои без срам и достоинство ги фрлија Охрид и Македонија во апатија, кои не се способни да ги решаваат проблемите, кои ги упропастија сите шанси, кои не ги исполнија очекувањата и НИЕ кои сме заедно со народот, нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за нормална Македонија и нормална општина. Ниту сме исти со нив сега, ниту некогаш сме биле, ниту ќе бидеме, истакна Пецаков.
Гарантирам, продолжи Пецаков, способност, знаеење, човечки капацитет, сигурност во себе, во својата чесна намера, во љубовта кон Охрид и Македонија. Отчетноста, транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места.
И не се прашувајте како може по сите случувања што сме ги доживеале да имаме толкава верба! Како генерација во целост сега е времето наше, сега треба најповеќе да застанеме цврсто, гордо и достоинствено!
Мои охриѓани, Бидете убедени дека никогаш нема да ве разочарам! Народот е свесен!
Позитивната енергија, силната мотивираност, атмосферата се тука, да сработиме максимално и посветено, победата на 17 октомври е тука, наша е, УШТЕ ВО ПРВИОТ КРУГ! За победа уште во првиот круг и идното мнозинство во Советот на Општина Охрид. За Градоначалник и ново советничко мнозинство необременето со хипотеки и непринципиелни пазари. Приоритет има да бидат граѓаните и решавањето на нивните проблеми. Ветуваме сериозно подобрена комуникација со граѓаните и нивна вклученост во носењето одлуки. Заедно да бидеме во оваа пресудна и историска трка за Охрид и Македонија! Време е за промени!Време е за проекти, заврши Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.