Позитивните законски прописи мора вистински да се применуваат за правилна урбанизација. Сите активности во иднина има да се спроведуваат согласно законската регулатива.
Во таа насока гарантираме решавање на предметите за бесправно изградени објекти поднесени во 2011, 2015 и 2016 година.
Оние предмети кои се заглавени во фиока и имаат комплетна документација во рок од две години има да биде решен нивниот статус додека сите останати предмети до крајот на четиригодишниот мандат.
Ќе ја прекинеме праксата на селективно решавање на предметите за легализација.
Формирање комисија од редовите на администрацијата и нејзин фокус има да биде итно решавање на овие предмети, напиша на Фејсбук, кандидатот за градоначалникот на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.