Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на порачува дека веќе не постои дно што СДСМ не можат да го пробијат.

Пецаков додава дека тие секојдневно покажуваат дека можат уште подолу и уште подлабоко.

Вчера конечно паднаа маските на лажните борци за подостапно, поквалитетно и поефтино здравство за сите граѓани подеднакво. СДСМ конечно го покажа своето вистинско и лицемерно лице.

 

Имено, во текот на вчерашниот ден пратениците од владејачкото мнозинство без нималку срам, ниту пак одговорност кон граѓаните гласаа против предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Законот за здравствена заштита веднаш да биде ставен на дневен ред и да биде изгласан по скратена постапка – истакна Пецаков.

Тој потенцира дека станува збор за скандал и срам од светски размери, како и дека тоа ќе биде запаметено и запишано во најмрачната историја на Македонија.

Да појасниме, во услови на Ковид пандемија и во услови кога граѓаните се доведени на раб на егзистенција од сите аспекти, пратениците од мнозинството се против предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со кој граѓаните ќе добијат поврат на средства за разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на оние кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници. Исто така, пратениците од СДСМ се против предлогот каде оние граѓани кои нема да бидат примени во државна установа, да може да бидат лечени и примени во приватна установа, но по цена како онаа во државното здравство.

 

Значи пратениците од СДСМ, сакаат и немаат ништо против граѓаните да плаќаат илјадници евра лекувајќи се од КОВИД по приватните болници. Пратениците од мнозинството немаат ништо против неспособноста и алчноста на Заев и Филипче која економски ги цеди граѓаните до последен денар злоупотребувајќи ја безизлезната здравствена состојба на илјадници и илјадници македонски граѓани.

 

Ова е срамно и жално, но сепак вистинито. Ова е македонската реалност кога СДСМ е на власт. Ова е фамозниот „живот за сите” кој тие толку го ветуваа.

 

За таа цел, македонската јавност мора да ја знае вистината. Македонските граѓани мора да знаат дека за Заев и Филипче човечкиот живот нема никаква вредност и тежина. За Заев и Филипче најважни се само провизијата, заработката, бизнисот и тендерите. Ништо повеќе.

 

Оттука, ние како одговорни и загрижени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме Заев, Филипче, но и пратениците од владејачкото мнозинство добро да размислат и да донесат одлука базирана на разум, а не на слепа партиска послушност. Уште еднаш ги повикуваме да го прифатат нашиот предлог и веднаш, сите заедно да го изгласаме и донесеме овој закон бидејќи тој е во интерес на стотици и илјадници македонски граѓани.

 

СДСМ, Заев и Филипче мора да знаат дека човечкиот живот нема цена и дека со него тие не смеат да си играат и да се пазарат, изјави Кирил Пецаков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.