Датумот за избори на лицитација – сака јуни ако не може јуну јули, ако не може јуи тогаш декември. Дали има корона вирус, епидемии, пандемии, вонредни, кризни состојби воопшто не е битно. Битно е што сакам јас и што мене повеќе ми одговара – вака некако звучи лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој инсистира на брзи избори и покрај проблемот со корона вирусот од кој секој ден има десетици новозаболени.
360 степени повикувајќи се на партиски извор објави дека раководството на СДСМ останува на ставот дека парламентарните избори треба да се одржат до крајот на јуни, независно од најавите дека ќе има нов предлог од Владата за продолжување на вонредната состојба, а потоа веројатно и одлука во таа насока од претседателот Стево Пендаровски.
Ако нема договор меѓу партиите за избори до крајот на следниот месец, тогаш во СДСМ сметаат дека изборите треба да се одржат во редовниот термин и тоа во последните можни рокови – односно на 29 ноември или на 6 декември, со тоа што во меѓувреме би се вратила и политичката влада. Таа можност, наводно, партискиот лидер Зоран Заев ја презентирал и на лидерската средба во вторникот.
Очекувањата во владејачката партија се дека нема да се оди повторно на триесет дена, така што останува можноста како нов изборен термин да се определи една од двете недели во втората половина на следниот месец, односно 21 или 28 јуни. За новиот изборен датум партиите ќе разговараат на нова лидерска средба во почетокот на следната седмица. Со најавите дека ќе се оди на продолжување на вонредната состојба, отпаѓа предлогот на партискиот лидер Зоран Заев, изборите да се одржат во првата половина на јуни.
Извори од СДСМ велат дека вонредната состојба се продолжува главно поради економските последици од кризата со коронавирусот, затоа што по нејзиното завршување Владата веќе нема да може да носи уредби со законска сила, а парламентот е распуштен точно три месеци.
Според партиски извори, на лидерската средба во вторникот Заев ја отворил и можноста за избори во редовен термин, доколку опозицијата продолжи со разни условувања да го одолговлекува новиот изборен термин. Во тој контекст, спикерот Талат Џафери, наводно, посочил дека првата недела од октомври е последен рок кога би можеле да се распишат избори во редовниот термин.
Ваквото однесување само го потврдува сомнежот дека СДСМ е важно само да се сами во власта во преидборието. Што е со вториот бран кој го најавуваа? Дали ова не е игра, лицитација и тргување со човечки животи на сметка на политички интереси.
Нивните идеи се несериозни и СДСМ лицитирајќи со датуми остава јасен сомнеж дека здравјето на граѓаните не е во нивни интерес. Ако брзаат со избори сега, додека секојдневно расте бројот на заразени и починати, ги туркаат граѓаните во директен ризик за нивното здравје. Иста ќе биде и ситуацијата во декември, во бранот новозаразени и нови жртви од коронавирусот.
Во двете идеи на СДСМ единствената нивна цел е да се дограбат до власт во која ќе бидат сами бидејќи министрите и замениците министри од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада им ги обелоденуваат скандалите.
Така, целта на СДСМ е во една ваква вонредна состојба е да го искористи стравот на граѓаните кои во најголема мера нема да излезат на избори. Но, за партијата на Зоран Заев е најважно да ги сокрие скандалите, најскапата трева на светот, тендерите, непотизмот, аферите….
Затоа се втурнаа во игра, па си лицитираат со датуми за избори, лицитирајќи со здравјето на граѓаните.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во емисијата Топ Тема на Телма телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори и кога и тие да се случат ќе го победи на тие избори, но цената за тоа не смее да бидат изгубени човечки животи.
-Знам дека нашиот политички противник наметнува антикампања дека ВМРО-ДПМНЕ бегал од избори, но мојот одговор на тоа прашање може да кажам дека кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ. Но, повторно ќе кажам, ако цената за тоа е да имаме еден повеќе загубен живот, јас не би сакал да бидам дел од таквото сценарио, потенцираше Мицкоски
Тој додаде дека тоа некрофилско сценарио го остава на други политичари кои се длабоко потонати во политичкото мочуриште и бараат сламка за спас.
-И еден ако е, јас не би можел да живеам со сето тоа, бидејќи јас не се чувствувам ако човек потонат во политичко мочуриште и ми треба сламка за спас. Се чувствувам дека сум слободен, човек кој цврсто гази на нозе и не му треба помислата дека еден човек повеќе починал затоа што ние сме избразле во одлука кога ќе се случат изборите, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека тие како политичари мора сериозно да се однесуваат и пред се одговорно кон здравјето на граѓаните, а дури потоа да размислуваат како и дали би ги одржале тие избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.