Зоран Заев и владејачката СДСМ купуваат уште време за вршењете притисок и уцени врз пратеници за да се обезбеди потребниот број гласови за да помине Законот за јаво обвинителство,скроен спротивно на мислењата на експертската јавност. Очигледно и изминатата ноќ тој не успеа да собере доволно пратеници за да го протурка законот, со кој, како што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, сака да обезбеди амнестија за себе и своите блиски соработници.

Седницата започна со еден час задоцнување. Спикерот Талат Џафери ја прескокна точката гласање за Законот за ЈО и премина втората точка на дневен ред, а тоа се измените на Законот за советот на јавни обвинители.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на прес конференција во Собранието најави дека гласањето за Законот за Јавно обвинителство, ќе биде утре.

Веќе не се преговара, оние кои ќе гласаат за дво-третински закони ќе гласаат, јас се надевам дека Беса и Алијанса за Албанците ќе го променат своето мислење и ќе дадат глас за Законот за Јавно обвинителство, за да не дозволиме било какво оправдување од страна на земјите од Европската Унија. Сите сме се изјасниле дека ќе ги поддржиме Законот за ЈО и Законот за одбрана. Се надевам дека утре сите оние кои сакаат европска Македонија утре ќе се поредат и заедно со нас ќе гласаат – рече Груби.

И синоќа гласањето беше одложено бидејќи немаше доволно пратеници во салата. Беше прекината 135 седница на која се расправаше токму за овој закон и се премина на 136 седница. При гласањето на дневниот ред на новата седница се испостави дека има 77 пратеници кои гласаа За дневниот ред, што покажа дка во моментот немаше доволно пратеници кои би го протуркале Законот за ЈО скроен по желба на Заев и СДСМ. Денеска истата приказна.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ пред некој ден зборуваше дека тој нема информација дека Зоран Заев има обезбедено 80 пратеници за да се изгласа овој закон.

Со оглед на однесувањето луѓето внатре во Парламентот и она што го добивам како информација од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот тоа е дека Парламентот на се личи само на Парламент не. Таму се договараат, преговараат услови за сега, за утре, за задутре, за лични работи, за најтесни семејства, просто не можам ни да кажувам што се слушам дека се договара, тоа е толку примитивно така што воопшто не би се спуштал на тоа ниво да дискутирам и коментирам, истакна претседателот Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски во врска со донесувањето на Законот за ЈО во Сoбранието го додаде следново:

Oва е само показна вежба што ќе се случува после 12 aприл кога ќе изгуби Зоран Заев, на што се е подготвен само за да остане таму каде што е и само за да може да се спаси од одговорност за криминал и корупцијата во овие три години. Така да еве нека судат и нека гледаат граѓаните каков примитивизам и каква декаденција денеска е присутна а во државата – рече тој.

Не е новина Заев да прави пазар за гласови. Тоа се испостави на гласањето за промена на Уставот, кога осуммина пратеници буквално беа уценувани и поткупувани за да гласаат за промените со кои се промени и уставното име на земјава. Двајца од тие пратеници за ова гласање очигледно му вртат грб на Заев. Тојостана со шестмина од нив – еден доби тендери и слобода, друг вработување на членови од семејство, трет стана писател со пари од Министерство за култура… Што овојпат нуди Заев и што користи како уцена?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.