Стеван Павлески повеќе нема да биде адвокат на Катица Јанева. Павлески, кој дојде на распит со осомничената специјална обвинителка во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше кај судија на претходна постапка од мерката притвор, ѝ го откажал полномоштвото.
Павелски ѝ најавил дека веќе не може да ја застапува три дена по нејзиното приведување.
Павлески ќе продолжи да ги застапуваа неговите досегашни клиенти во предметите на СЈО, поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски во случајот „Траекторија“ и Цветан Панделески од случајот „Империја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.