Како што најави вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери, денешната расправа за состав на новата Влада ја почна пратеникот, односно претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Тој рече дека треба да се преиспита правилото на бадентер, кој како што рече, во одредени мменти се јавува како кочница. Предложи рационализација на јавната администрација и Македонија да биде една изборна единица, а да остане пропорционалниот модел.
Да се изгради систем за детекција на скриен имот на политичарите. Октоподот треба да се удри со чекан по глава за да не ја изеде политиката, истакна Трајанов.
Тој ги повика сите функционери да не се дружат со мафијата и криминалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.