Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија истакна дека барањето за премиер Албанец не е прифатливо.
Трајанов, чија партија е дел од коалицијата на СДСМ, смета дека ДУИ се реални и тие знаат дека идејата за премиер Албанец нема да помине.
Таа партија којашто ќе прифати таква уцена мислам дека треба да се избрише од политичката сцена, но тоа нема да го направи ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Без разлика дали е голем притисокот за да се направи влада, таква уцена од ДУИ нема да биде прифатена – вели Трајанов.
Трајанов истакнува дека од својата коалиција со СДСМ бара да се земат во предвид три важни барања за неговата партија.
Тој вели и дека се чека да се види што ќе биде производ на преговорите со ДУИ, но дека СДСМ нема бланко поддршка од страна на Демократскиот сојуз и доколку не бидат исполнети барањата може да се отповика поддршката кон СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.