Откако пред два дена во јавноста излезе „бомба”, односно аудио снимка на која може да се слушне како пратеникот Павле Богоевски, поранешен активист на Шарена Револуција, прави нарачка за како што вели тој – масло од канабис, јавноста на големо бара негова оставка.
Разни коментари може да се прочитаат на социјалните мрежи, а меѓу нив е и статусот на адвокатот Јанаки Митревски кој јавно преку Фејсбук статус се понуди да му плати тест за да се докаже дали Богоевски користел наркотични средства.
Павле вика бил подготвен да му се направи тестирање. Павле бесплатен правен совет од адвокат- DONT GO THERE!! Или веќе чим така си одлучил еве јас се нудам да помогнам да си ја докажеш теоријата. Не тестови од 200 ден од Зегин или крв урина. Еве јас ти предлагам во МАНУ лабараторијата праат тест од влакна од коса и има да ти извадат историјат каков тип млеко си пиел а не какви наркотици си земал или не. Тоа тестирање чини 60.000,00 денари и се нудам ЈАС да го платам, пишува Митровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.