Од собраниски извори, телевизија Телма дознава дека за во четврток е закажана мандатно имунитетната комисија на која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски.
Седницата ја закажува комисискиот претседател Павле Богоевски, кој беше актуелен поради објавената снимка за која се тврди дека тој нарачува пола грам кокаин иако тој тврди дека нарачал половина доза масло од канабис за блиско лице.
Скандалот предизвика сериозни обвинувања за Богоевски и барања за негова оставка. Иако се очекуваше во понеделник, седницата поради реформските закони за тајните служби и учеството на Богоевски на нив е закажана за во четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.