Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски во гостување на ТВ 24 индиректно му порача на премиерот Зоран Заев дека одлуката за негово разрешување е избрзана и неправилна и дека тоа и самиот ќе го сфати.
Иако имав покани, прв пат сега излегувам во јавноста. Не сакав да испадне дека правам нешто политички, сакав да помине Конгресот во СДСМ. Не знам дали сум херој, но ме радува поддршка од граѓаните и стопанските комори. Пред да дојдам, во ДПИ имаше забележано 800 неправилности годишно, сега се 8.000. Ако тоа граѓаните го поддржуваат, значи дека инспекторите почнале правилно да си ја извршуваат својата работа. Пркос ниту сум сакал да покажам, тоа го рече претседателот. Само сум ја барал правдата и сум ја штител државата. Не сум можел до крај да ја заштитам. Но, несогласувањата даваат некогаш и напредок. Некој кога ќе отспие, ќе сфати што направил и ќе сфати дека не бил во право и погрешил. Велам никогаш немој да носиш избрзани одлуки. Ако е приватна партијата, може да ме истераат. Но, јас сум од основањето. Не го следев Конгресот, не ме интересираше – изјави Пауновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.