Владата на денешната седница одлучила да го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој од директорското место се враќа во Управата за јавни приходи, дирекција Тетово.

Претходно премиерот Зоран Заев истакна дека на состанокот со инспекторите денеска ги слушнал аргументите, и истите ќе бидат презентирани во Владата, каде ќе се донесе одлука за Пауновски.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.

Пауновски беше на став дека на Државниот пазарен инспекторат не му требаат административци, туку инспектори и дека нема да стави потпис на решенијата и по цена да биде разрешен.

Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вицепремиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања, изјави за „Телма“ Стојко Пауновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.