Да не се води војна преку медиумите. Директорот на Пазарен инспекторат да ги вработи рамковните. Премиерот Заев со порака до Пауновски – да не се спротивставува, туку да ги спроведе владините одлуки. Изјавата следи откако директорот на пазарен изјави дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 лица, освен за 12 кои имаат соодветно образование, и во случај да биде сменет.
Пауновски за Сител вели нема да попушти. Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска, а не теренска – нема да ги вработи. Администрацијата, според него треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување. Сепак, официјална изјава најави за утре, откако ќе слушне што му порачал премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.