Без ни малку двоумење сакам да ја навестам големата изборна победа и новото советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци уште во првиот изборен круг. Бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во истокот бил и ќе биде Карбинци, истакна кандидатот за градоначалник на општина Карбинци, Виктор Паунов на денешниот митинг.
Паунов додаде дека општина Карбинци ги памети деновите кога се градеше и функционираше како сервис на граѓаните во минатото предводено од ВМРО-ДПМНЕ, но за жал сеуште се актуелни случувањата и во овие 4 години каде владее апатија, неработа и богатење на олигарси и фамилии од власта.
Имаме план, имаме визија, а мотивацијата никогаш не била поголема за успех и просперитет на нашата општина. Ние сме тие кои имаме обврска да ја градиме светлата иднина на Карбинци. Гарантираме проекти за промени, проекти за победи, нагласи Паунов.
Паунов истакна дека наместо од СДСМ да бараат поддршка тие треба да се извинат пред народот, за сите лаги во овие 4 години, за сите провизии кои ги земале и за сите нечесни игри кои ги направија. Тие не беа сервис на народот, тие беа достојни само за нивните фамилии во потесен круг.
Како предводник на идната локална власт, се обврзувам за многу проекти кои се од суштинско значење за нас, проекти со кои нудиме решавање на проблемите и модернизирање на нашите населени места. Гарантирам:
Изградба на нова детска градинка во село Карбинци со капацитет од минимум 50 деца;
Нова училишна зграда на подрачното училиште „Страшо Пинџур” во Таринци со површина од 200м2;
Подобрување на водоснабдувањето на село Радање и решавање на деценискиот проблем со водата за пиење;
Основање на противпожарно одделение во општина Карбинци, вети Паунов.
Паунов рече дека ќе вложуваат во зачувување на животната средина, справување со депониите во населените места во 2 фази:
ФАЗА 1: Уредување и оградување.
ФАЗА 2: Трајно дислоцирање.
Во ЈП Плачковица ќе формираме и сектор за комунална хигиена преку кој ќе воведеме ред на дневна основа во собирање на смет од јавни површини, улици, тротоари, плоштади, укажа Паунов.
Паунов посочи дека ќе вложуваат и во делот на спортот преку поддршка за сите спортски клубови во Карбинци, со цел афирмирање и унапредување на спортот и развивање на спортскиот дух на младите. Општина Карбинци во иднина ќе ја зголеми поддршката на локалните спортски клубови. Исто така ќе поддржи и организирање на спортски натпревари и турнири кои ќе се оддржуваат на територијата на Општина Карбинци.
Исправено стојам пред вас и ви кажувам ова е битка на нашата генерација и ве поканувам да се приклучите заедно да бидеме во оваа пресудна битка за Карбинци и Македонија, време е за промени, време е за проекти, време е за победи, да сте ми здрави и живи, да живее општина Карбинци, Македонија вечна, порача Паунов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.