Пациентката која со сопругот одмарала во Занзибар е медицинско лице вработено во болницата во Битола, пренесува ТВ21, од каде велат дека иако им е познато името на вработената, засега нема да го откријат. Од телевизијата контактирале со директорката на болницата, но добиле само краток одговор „Не сум информирана“.
„Република“ во секој момент очекува потврда од Министерството за здравство за оваа информација и какви санкции следуваат за вработената, ако се земе предвид дека сè уште на сила е забраната за користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства на сите вработени во здравствените установи.
Брачниот пар од Битола пројавил симптоми на коронавирус два дена пред враќањето од Занзибар. 65-годишниот битолчанец со послаби симтоми на вирусот и со бубрежни оштетувања од понеделникот е хоспитализиран во струшката болница за нефрологија, а неговата сопруга, која има потешка слика на болеста е во стабилна состојба во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Претходно денеска од Министерството за здравство информираа дека на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2, според анализите што денеска ги направи МАНУ. Дополнуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет, кој, исто така, патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.