Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав. Рекордери најчесто се пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра, објави „ТВ21“.
Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, а тоа го чинело 47.450 евра. Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра. За 1.000 евра помалку потрошил нејзиниот опонент од Битола, Зоран Илиоски – 40.692 евра. Следува поранешната пратеничка на ДПМНЕ, а по уставните измени независна, Емилија Александрова од Берово. Пријавила 36.287 евра патни трошоци. На листата следуваат Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358 евра, Агим Шаќири од Струга, 33.379 евра и последен на листата од ТОП 10 се наоѓа Димитар Стевананџија кој за патни трошоци од Прилеп, инкасирал 31.705 евра државни пари.
10 пратеници кои потрошиле најповеќе за патни трошоци 2016-2020:
Алија Камберовски 47.450 €
Бети Рабаџиевска Наумовска 45.918 €
Сурија Рашиди 42.261 €
Мира Стојчевска 41.632 €
Зоран Илиоски 40.692 €
Емилија Александрова 36.287 €
Хари Локвенец 35.774 €
Милева Ѓоргиева 34.358 €
Агим Шаќири 33.379 €
Димитар Стевананџија 31.705 €
Целата сторија на ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.