Со импровизираниот напад на градот, стилизираната реконструкција на случувањата од пред 78 години и богатиот огномет, Прилеп го одбележа Денот на народното востание, 11.Октомври.

„На овој ден пред 78 години, во Прилеп одекнаа слободарските пушки и востаничките истрели. Храбрите партизани ја започнаа борбата за социјална правда и слобода, испишувајќи го овој светол датум во историјата, вграден во македонската државотворност. 11.Октомври е симбол на непокорот, пркосот, храброста, гордоста и достоинството, стремежот за слобода не само на прилепчани, туку на сите граѓани на нашата земја. Затоа и денеска се сеќаваме на делото на хероите, им оддаваме почит и се поклонуваме пред нивната жртва. Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот Град Херој – Првоборец“, изјави Јованоски.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека денешните генерации ја продолжуваат современата битка за економски развој, социјална еднаквост, квалитетно образование, за создавање оптимални услови за развој на секоја сфера во општеството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.