Премиерот Зоран Заев вчера најави дека на дел од јавната администрација ќе ѝ се заблагодари, односно владата ќе спроведе 20% намалување на администрацијата. Според изјавата на Заев тоа ќе биде кратење на непродуктивни трошоци за да и се помогнело на економијата, но вработените во овој сектор стравуваат дека во најава е нов партиски реваншизам. Тоа е така, бидејќи и во минатото тоа се случувало, односно владата на СДСМ откако е на власт брутално се пресметува со вработените во овој сектор кои се неистомисленици.

Неодамна Заев преку министерот Трајан Димковски изврши најбрутален партиски реваншизам и спроведе чистка во Министерството за земјоделство по принципот од „чистачка до министер”, кога над 50 – тина вработени во министерството низ цела Република Македонија се преместени на работни позиции надвор од своето место на живеење, без реална причина, затоа што не размислуваат единствено како СДСМ.

Потоа, вработен во Државното претпријатие за патишта, Перица Филиповски обвини за партиски реваншизам од страна на власта. Тој работел како инкасант на патарина, но по доаѓањето на СДСМ на власт тој добил решение дека е прераспореден во хигеничар. Тој добил задолжение да чисти тоалети, патарини и да ги одржува чисти службените простории.

Политичкиот реваншизам на СДСМ стигна и во Македонски телеком каде е донесена одлука за технолошки вишок со која од неколку илјади вработени од работа си отидоа единаесетмина.
Исто така, поради политичка определба наместо на своето работно место тетовчанецот Горан Јовановски, бил распределен пред вратата на Агенцијата за вработување во Скопје, денот да го минува на 40 степени на сонце. Тој неколку месеци бил дел од кабинетот на техничката заменик министерка за информатичко општество Невенка Стаменковска, со добиено мирување од работното место во Агенцијата.

Владата на СДСМ врши партиски реваншизам кој целосно е во спротивност со европските критериуми и преставува загрозување на принципите на професионалност во работењето на било кој субјект и е загрозување на европската иднина на државата.

И во извештајот на Народниот правобранител нотирани се партиски реваншизам и голема недоверба во судството. Според Омбдусманот, постои пракса на ‘партиски реваншизам’ што особено е видливо во сферата на образованието и детската заштита, како при изборот на кандидати за вработување така и при трансформацијата на работниот однос на вработените од определено на неопределено време, и во однос на продолжување на договорите за работа“, се истакнува во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.