Црвениот крст на Република Македонијаќе додели парична помош во износ од по 30.000 денари на семејствата на загинатите во автобуската несреќа.
Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000,00 денари по семејство, соопштуваат од Црвен крст на РМ.
Во соопштението додаваат дека Црвениот крст на Република Македонија остварувајќи ја својата хуманитарна мисија ќе продолжи и понатаму со помош и поддршка за семејствата на загинатите и повредени граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.