Парче автобуска гума е пронајдено неколку метри пред местото каде што излетал македонскиот автобус, при што загинале 45 лица, меѓу кои 12 деца, пренесуваат бугарските медиуми.
Според нивните анализи, тупатува на сомнеж дека причина за несреќата би можело да биде пукната гума. Сепак, како што пишуваат локалните медиуми, ќе биде тешко да се докаже дали тоа парче со сигурност е од македонскиот автобус бидејќи сите негови гуми се потполно изгорени.
Медиумите во Бугарија соопштија дека на местото на несреќата е сопственикот на агенцијата „Беса Транс“.
Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ на автопатот Струма кај перникското село Бошнек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.