Партијата за движење на Турците (ТХП) одлучи на локално ниво во Радовиш да го напушти владејaчкото мнозинство и коалицијата „Можеме“. Оваа партија има едно пратеничко место, како дел од владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ.

Од денеска советникот на ТХП Јашар Сулејман ќе дејствува надвор од советничката група на актуелното мнозинство.

Турската заедница, како и сите други, има потреба од инфраструктура, и со години турските населени места беа заборавени. Како партија на власт која се води од концептот едно општество за сите нема да дозволиме локални структури да го срушат тој концепт. ТХП силно верува во вредностите на едно општество за сите и во изминатиот период јасно се спротивстави на политиките кои не го почитуваа истиот, велат од партијата.

Исто така, додаваат од таму, нема да дозволиме да се појават нови форми на рушење на мултиетничките и културни односи.

Во иднина упорно и без никакви калкулации ќе продолжиме да дејствуваме за еднакви можности на сите граѓани на Република Македонија, соопшти Општинската организација на ТХП Радовиш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.