Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов, порача дека во цела македонија се почнати промените и никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат.
Промените почнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани.
Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат. Останува уште само еден чекор до новата иднина.
Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани.
Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина, ајде заеднички да ја оствариме целта.
На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи. Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани – порача Папазов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.