Како градоначалник на општина Кочани и оваа локална самоуправа, ќе го завршиме формирањето на општискиот младински совет, ќе ја унапредиме неговата работа, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, за Кочани, Љупчо Папазов.

Во соработка со средношколските училишни центри во градот и регионалните високо образовни институции ќе формираме бизнис инкубатор за развој на старт ап компании и донесување на нови вработувања.

Просториите на спомен домот АСНОМ ќе ги ставиме во функција на младите креативни работници од областа на културата.

Спортските терени и спортските сали ќе ги ставиме во функција на развој на младинскиот масовен спорт.

Ќе формираме нови велосипедски патеки.

Слушајќи ја иницијативата на младите ќе создадеме услови за отпочнување со работа на рок фестивалот кој ќе го носи името на Симеон Иванов Канго, најави Папазов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.