Кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов, порачува дека богатството со геотермални води во општина Кочани претставува важен предуслов за изградба на спа комплекси.
За таа цел со урбанизација, со уредување на простори ќе создадеме можности за привлекување на инвеститори кои ќе вложуваат во изградбата на вакви објекти. На тој начин се дава силен поттик за развој на локалната економија и создавање на нови работни места.
Водиме посебна грижа и за човечките потенцијали. Во согласност со современите стандарди преку искористување на достапните фондови во државата и странство го претвораме Кочани во град на старт ап претприемништво со формирање на бизнис инкубатор за развој на старт ап компании и пазарно ефектурирање на иновативните идеи во соработка со двата училишни центри во градот и други академски институции – порача Папазов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.