Kандидатот за градоначалник на општина Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов, најави дека има проект со кој на Пониква ќе биде изградена целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води.
Истовремено, Папазов најавува и дека ќе биде подготвена урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси.
Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води.
Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси, а ќе бидат изградени и нов ски-лифт и нова ски-патека.
Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.
Ќе изградиме нов ски-лифт и нова ски-патека.
Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите – најави Папазов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.